Поврзете се со нас

Македонија

Прво зимско засилување: Хрватот Живулиќ потпиша за Брегалница

Објавено

на

Македонскиот прволигаш Брегалница го претстави првото засилување во овој преоден рок, зисилување кое доаѓа од Хрватска.

Се работи за 29-годишниот Диего Живулиќ кој ја покрива средината на теренот, играч кој во Штип пристигна од Унгарија од тимот на Диошѓер. Живулиќ освен во родната Хрватска и Унгарија има настапувано во Чешка, Полска и Кипар, па со своето искуство треба да биде значајна опција за новиот тренер Илчо Ѓорѓиоски.

-Со ангажманот на Илчо Ѓорѓиоски како нов шеф на стручниот штаб, и со доведувањето на квалитетно име во средниот ред како Живулиќ јасни се амбициите на Брегалница кои се активни од почетокот на сезоната за борба за едно од местата кои водат на европската сцена оваа сезона. Во преговори сме со уште две-три квалитетни имиња со што би се комплетирал играчкиот кадар за пролетниот дел, -порача спортскиот директор Никола Тонев.

Брегалница утре заминува во Анталија каде ќе го одработи главните подготовки за вториот дел од шампионатот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни