Поврзете се со нас

АТП

Првата италијанска пресметка во Мелбурн донесе драма: Фоњини и Карузо влегоа во жесток „клинч“ по мечот (Видео)

Објавено

на

Првиот италијански меч во Опен ерата на Австралија Опен донесе исклучително голема тензија на крајот, откако неверојатно возбудливиот меч кој траеше речиси четири часа, беше одлучен со луд тајбрејк во петтиот сет

Фабио Фоњини и Салваторе Карузо понудија спектакуларен тениски меч, со тоа што во одлучувачкиот тајбрејк Фоњини се врати од негатива од 1:5 и спаси една меч топка пред да го добие мечот со 14:12.

Искусниот Фабио на крајот ја доби првата италијанска пресметка на Австралија Опен со својот помлад сонародник со 3:2 по сетови (4:6, 6:2, 2:6, 6:3 и 7:6), но сепак наместо да се поздрават, двајцата почнаа да се расправаат уште на мрежата, а во продолжение мораа да бидат двоени и од страна на супервизорот бидејќи си разменија доста лоши зборови.

Фоњини му порача на Карузо дека бил многу среќен во текот на тајбрејкот и требал да се извини за среќните поени, по што следеа бесни изливи од двајцата тенисери:

– Што зборуваш, не ти кажав ништо во цел меч, не ти изустив ниту еден збор. Не го очекував ова од тебе, не очекував дека вака ќе се однесуваш, – викаше Карузо, на што Фоњини не остана должен.

– Не ми ги чешај мадињата, кажав само дека имаше среќа. Ако имаш проблем со тоа, кажи ми го, немој да ме напаѓаш. Не знам што не очекуваше. Само кажав дека имаше среќа, – возврати Фоњини, а на заминување Карузо му порача дека тоа не е начинот на кој требало да го завршат мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни