Поврзете се со нас

Германија

Прва важна одлука како селектор: Нагелсман враќа ветеран во репрезентацијата

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Јулијан Нагелсман остана без работа во чувствителен период и не го дочека крајот на минатата натпреварувачка сезона, па после неколку месеци минати без работа, дочека понуда која не се одбива.

Слабите резултати на Ханси Флик во германската селекција резултираа со негова смена, а интересно за негов наследник беше назначен човекот кој го замени и во Баерн Минхен пред две години.

Нагелсман беше назначен за нов селектор пред две недели и полека ги остварува првите контакти со играчите, со тоа што угледниот „Билд“ открива дека доскорешениот тренер на Баерн договорил еден повратник во репрезентацијата.

Се работи за Матс Хумелс кој беше „избришан“ од Ханси Флик и покрај тоа што 2021-ва година беше редовен репрезентативец, но сега селекторската смена очигледно ќе му донесе враќање во „маншафт“.

Хумелс има 34 години и натаму е незаменлив во одбраната на Борусија Дортмунд, па тоа очигледно се доволно добри аргументи за да се врати во националниот тим после пауза од две години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни