Поврзете се со нас

Италија

Прв пораз за Мурињо: „Волчицата“ падна во Верона (ВИДЕО)

Објавено

на

Тимот на Верона направи изненадување и славеше над Рома со 3-2 во дуелот од 4. коло во италијанската Серија А.

Ова за „волчицата“ беше прв пораз на официјален натпревар под водство на Жозе Мурињо, неуспех кој дојде по одличните резултати во изминативе недели како во Италија така и во Европа.

Пелегрини донесе водство за фаворитот во 36 минута, но во второто полувреме домаќинот се разбуди и од 49 до 54 минута дојде до пресврт до головите на Барак и Капрари. Рома брзо се врати во игра со автоголот на Илиќ, меѓутоа избраниците на Тудор не се предадоа, повлекоа и во 63 минута преку Фараони дојдоа до 3-2, резултат кој на крајот се покажа како конечен.

Ниту вториот римски клуб не дојде до резултатот што го посакуваше, поточно Лацио освои само бод против Калјари (2-2).

Имобиле и Каталди погодија за домаќините, а за гостите Педро и Балде.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни