Поврзете се со нас

АБА лига

Прв неуспех на домашен терен: Звезда доживеа шокантен пораз во АБА лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/ABA_League

Кошаркарите на Црвена Звезда го доживеаа првиот сезонски пораз на домашен терен во АБА лигата и тоа во соочувањето со Мега кое вечерва во Белград заврши со резултат 89:83.

„Црвено-белите“ имаа проблеми со константната игра во овој меч, па така му дозволија на противникот завршниот период да го добие со 26:14 што во случајот му овозможи пресврт и голем триумф, прв против овој тим во регионалното натпреварување.

Звезда и понатаму останува во пол позиција за првото место на табелата кое сега го држи со учинок 20-4, додека пак Мега со 14-10 е на шестата позиција.

Што се однесува до стрелците, Миљеновиќ со 18 беше лидер кај победникот, додека Ханга залудно даде 22 кошеви за домаќините.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни