Поврзете се со нас

Македонија

Прв Костариканец во македонскиот фудбал: Сонародник на Кејлор Навас потпиша за Шкупи

Објавено

на

Македонскиот фудбалски прволигаш Шкупи денеска официјализираше, промовираше ново засилување кое доаѓа од Костарика.

Досега во македонскиот фудбал немало играч од оваа егзотична земја, но клубот од Чаир тоа го промени со ангажманот на Фреди Алварез. Се работи за играч од средината на теренот кој добро изведува прекини, слободни удари, фудбалер кој со Шкупи потпиша едногодишен договор со опција за уште една сезона.

-Многу сум среќен што дојдов во клуб, за кој ми е кажано дека има традиција, историја и освеоно многу трофеи. Моето доаѓање во Шкупи има многу високи лични и групни очекувања, се надевам дека ќе можам брзо да се прилагодам на тимот и на она што го сака тренерот.

-Верувам дека од денес ќе бидам достапен за тренерот и брзо ќе се адаптирам затоа што нè очекуваат големи предизвици и во првенството, Купот и Европа, -истакна Алварез кој досега освен во Костарика има настапувано и во Перу.

Најпознатиот фудбалер од Костарика во денешниот фудбал дефинитивно е Кејлор Навас кој го чува голот на ПСЖ, а претходно го носеше дресот на Реал Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни