Поврзете се со нас

Македонија

Пролет потпиша нов договор со капитенот Андоновски

Објавено

на

Македонскиот ракометен прволигаш Тинекс Пролет ја продолжи соработката со капитенот Ласко Андоновски.

Андоновски имаше понуди од останатите клубови во нашата земја, меѓутоа одлучи да остане во средината во која е во изминативе години и која за него е идеална.

-Не е тајна дека сум презадоволен од условите во клубот за кој настапувам долги години. Преговорите траеја кратко бидејќи наша заедничка желба беше соработката да продолжи. Се надевам на успешна сезона и борба за излез во европските купови, – истакна Андоновски.

Пролет освен на Ласко за наредната сезона може да смета на Ангелов, Аларов, Џонов, браќата Василевски…исто така Мујиќ може да се врати, но воедно се размислува и за ангажирање на засилувања, плус ќе се разговара и со дел од играчите на кои им се истечени договорите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни