Поврзете се со нас

Репрезентација

Проблеми за Канатларовски пред сериозните предизвици во Ле Ман и Охрид: Двајца стартери позитивни на Ковид 19

Објавено

на

Драган Канатларовски пред два дена го објави својот прв список како селектор на младинската фудбалска репрезентација до 21 година, но во пресрет на своето деби на стартот на месец септември, предводникот на надежите се соочува со непосакувани проблеми.

Вчера беше објавено дека АДријан Хајдари имал позитивен тест на коронавирус, но утрово идентична информација пристигна и за втор репрезентативец, што значи дека популарниот Цапар сега ќе мора да го ревидира својот список.

По Хајдари, позитивен тест на Ковид 19 имал и Марио Младеновски, а бидејќи за двајцата се очекуваше да бидат стартери во националниот тим, јасно е дека Канатларовски ќе мора да бара алтернативи и да повика нови играчи.

Македонија новите Евро квалификации ќе ги стартува на гостувањето во Ле Ман кај силната репрезентација на Франција на 2-ри септември, а потоа на домашен терен во Охрид ја пречекуваме селекцијата на Србија.

Првата прозивка на играчите е закажана за в недела, па до тогаш сигурно ќе видиме дали Цапар ќе го надополни првичниот список.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни