Евролига
Претседателот на Црвена Звезда: Никогаш не сме се „палеле“ на Топ 8

Црвена Звезда не успеа да направи изненадување против Барселона (85-79) во Евролигата и на тој начин практично ги загуби сите шанси за пласман во плејофот, односно во Топ 8 фазата во елитното натпреварување.
„Црвено-белите“ имаа учинок 12-17 и се на 14. позиција на табелата што дефинитивно не е резултат што го посакуваа, а воедно е и далеку од она што во моментов го има нивниот најголем ривал, Партизан кој е на 7 место што значи дека е блиску до разигрувањето за пехарот.
Меѓутоа според претседателот на Звезда, Небојша Човиќ тие никогаш немале цел да бидат во Топ 8 што е сосема спротивно од тоа што се говореше низ текот на сезоната.
-Ние носиме најголема одговорност. Изгубивме голем број на натпревари на необичен начин. Кошмарна сезона, но сепак се држиме до целите што ги зацртавме. Освоивме еден, пред нас се уште два трофеи. Никогаш не се „палевме“ на Топ 8, -порача Човиќ за РТС.
-
Балканпред 13 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 13 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 24 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
НБАпред 11 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)