Поврзете се со нас

Англија

Премиерлигашка ѕвезда: Во Арсенал се без памет, наместо да ме купат мене, го купија Пепе!

Објавено

на

Николас Пепе беше очајното засилување на Унаи Емери со кое Шпанецот веруваше дека ќе го подигне нивото во неговиот тим во летото 2019-та година, но наместо тоа, фудбалерот од Брегот на Слоновата Коска засега се покажува како огромно промашување бидејќи ниту одблиску не ја оправда сумата која беше издвоена за негов трансфер од Лил.

Арсенал плати вртоглави 72 милиони фунти и постави клупски рекорд кога е во прашање еден трансфер, период во кој долго време клубот од Северен Лондон се поврзуваше со една позната премиерлигашка ѕвезда, која на крајот против своја волја остана во Кристал Палас и му пропадна трансфер на „Емирејтс“. Станува збор за Вилфред Заха кој и ден денеска е во составот на Рој Хоџсон, но навраќајќи се на летото од пред 18 месеци, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед открива дека добил збор од Емери за трансфер, но клубот се одлучил за нелогичен и ризичен потег.

– Имав разговор со нивниот менаџер, поточно со Унаи Емери и се чинеше дека се е на добар пат. Ми порача дека нема потреба многу што да се објаснува, дека ме гледал како играм и дека знае дека можам да менувам натпревари со еден потег. Ми рече дека сака да ме има во неговиот тим, а јас му возвратив дека со задоволство ќе му се приклучам, – открива Заха во разговорот со Џејми Карагер.

– Тој добро ме познаваше од натпреварите кога играв против нив, немаше потреба од претставување или нешто слично. Сепак, на крајот клубот одлучи друго и го одбраа Пепе наместо мене.

– Клубовите сакаат да доведуваат странци, наместо фудбалери кои играат во Премиер лигата. Не знам зошто, но таквите играчи привлекуваат повеќе внимание. Тоа не ми е јасно и не ми е логично. Тука гледате играч кој игра секој викенд, секој натпревар, играч кој е адаптиран и знаете што може да направи. Тоа што го направија беше без памет. Во другите лиги е многу поразлично од Премиер лигата. Во Премиер лигата нема лесен меч и за играчите кои доаѓаат од други лиги, потребно е време за адаптација, која никој не знае како ќе заврши, – додава Заха.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни