Поврзете се со нас

Македонија

Познати се паровите за првата рунда во Купот на Македонија, Вардар на мегдан со Вардар Форино

Објавено

на

Познати се паровите за првата рунда во Купот на Македонија за натпреварувачката сезона 2020/2021.

Во „Куќата на фудбалот“ полудиригирана жрепка донесе неколку интересно двојки, па така најтрофејниот македонски клуб Вардар ќе му гостува на Вардар Форино, Македонија Ѓорче Петров ќе се соочи со Победа додека пак Работнички ќе биде гостин на Велазерими во Кичево.

Ова се двојките:

Кит-Го – Скопје
Победа – Македонија Ѓ.П.
Љуботен – Пелистер
Слога Виница – Шкупи
Вардар Форино – Вардар
Велешта – Кожуф
Росоман – Беласица
Охрид – Ренова
Лабуништа Тетекс – Силекс
Каменица Саса – Борец
Гостивар – Тиквеш
Вeлазерими – Работнички

Шкендија, Академија Пандев, Брегалница и Струга Трим Љум како полуфиналисти од последното издание ја скокаат првата рунда, односно од наредната фаза ќе го започнат натпреварувањето.

Во оваа сезона Купот ќе се игра во променет формат, до финалето ќе се игра по еден меч, а пак во случај да биде нерешено директно ќе се изведуваат пенали.

Натпреварите од првата рунда ќе се одиграат на 23. септември од 15:30 часот. Осминафиналните дуели ќе се одиграат на 21. октомври, а четвртфиналните пресметки на 25. ноември. Полуфиналето ќе се игра на 7. април, а мечот за трофејот на 19. мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни