Поврзете се со нас

АБА лига

Позната е првата полуфинална двојка на завршниот турнир во АБА2 лигата

Објавено

на

Завршниот турнир во АБА2 лигата се игра во Скопје, а веќе го имаме првиот полуфинален пар во ова натпреварување.

Имено Борац и Златибор ќе се борат за место во финалето, откако денеска во супер неизвесни завршници славеа над Младост, односно Домжале.

Прво Борац од Бања Лука го доби Младост со 80-79 и тоа откако Бојиќ промаши едно од двете слободни фрлања или поточно пропушти да го однесе мечот во продолжение. Болдвин со 18 поени беше прв стрелец кај победникот, додека на спротивната страна залудна беше страшната партија на Гавриловиќ од 27 кошеви и 17 скокови.

Златибор пак со тројката на некогашниот член на МЗТ Скопје, Протиќ на две секунди до крајот го победи Домжале со резултат 84-82. Токму Протиќ заедно со Николиќ беа најистакнати поединци и заедно искомбинираа 39 кошеви.

Махковиќ со 18 кошеви беше прво име кај поразените.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни