Поврзете се со нас

Шпанија

Познат светски медиум со ексклузивна вест: Зидан е уморен во Мадрид, размислува за оставка

Објавено

на

Во текот на денешниот ден познатиот спортски медиум „Goal“ пренесе информација која говори дека тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан размислува за заминување од таборот на „кралевите“.

Наводно Французинот бил уморен од сите случувања во последно време и ќе побара од клубот да му биде раскинат договорот кој пак му трае до 2022 година.

Медиумот кој ја пренесе оваа информација наводно се потпира на изјави од неколку играчи на Реал Мадрид кои сметале дека промената на тренерот е неизбежна по крајот на оваа сезона која лесно може да се случи да биде и година без трофеј за шпанскиот тим.

Реал Мадрид до самиот крај ќе се бори за титулата во Ла Лига каде сериозни конкуренти ќе им бидат Атлетико Мадрид и Барселона.

Од таборот на „кралскиот клуб“ пак наводно биле во потрага по замена за Зидан, а првичните информации говорат дека први тренери кои ќе бидат контактирани од клубот се Јоаким Лев и Масимо Алегри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни