Поврзете се со нас

Македонија

Повремен хрватски репрезентативец ново засилување за Еурофарм Пелистер

Објавено

на

Повремениот хрватски репрезентативец, Јосип Божиќ Павлетиќ е ново засилување на битолски Еурофарм Пелистер.

Десното крило доаѓа од редовите на Гепинген каде ја помина минатата сезона откако претходно мина неколку успешни сезони во ППД Загреб.

Божиќ Павлтиќ ќе биде еден од плеадата хрватски ракометари кои ќе го носат зелениот дрес на битолчани. Хрватскиот тренер Бабиќ во својот ростер сега може да смета на неговитесонароднии Кушан, Мараш и Мандалиниќ на кои сега се придодава и Божиќ Павлетиќ.

– Повикот на Бабиќ дојде случајно. Доаѓањето во овој клуб го гледам како напредок во мојата кариера. Клубот е амбициозен, расте секоја година и мислам дека ги имаме сите предуслови за одлична сезона, -изјави Божиќ Павлетиќ.

На десната крилна позиција во овој момент во таборот на Еурофарм Пелистер се репрезентативецот Ненад Костески, како и црногорскиот интернационалец Милош Радовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни