Поврзете се со нас

Мото ГП

„Последниот танц“ на Роси предизвика многу емоции во Италија (Видео)

Објавено

на

Валентино Роси денеска го имаше својот „завршен танц“ во Мото ГП на домашно тло во Италија, бидејќи во емотивни сцени во Мизано, за последен пат се прости со италијанската публика како возач во „кралската класа“.

Последната трка во татковината за Валентино се чекаше со огромно внимание од цела јавност, па иако денеска Фабио Квартараро го украде шоуто со освоената прва Мото ГП титула, сепак по трката во Италија, сите очи беа вперени и кон неповторливиот „Доктор“.

Иако има уште две трки на кои ќе настапи, оваа денешната во родната земја секако беше од посебно значење за него, па поради тоа го даде и максимумот на патеката.

И покрај големите проблеми, Валентино на крајот заврши во топ 10 и заврши како десетти на трката во која победи Марк Маркез, но резултатот не беше ни многу важен, со оглед на тоа што атмосферата на трибините беше величествена.

„Жолтата армија“ тифози за последен пат го гледаше својот миленик во живо на домашната трка и имаше многу емоции, а и самите организатори на трката се погрижија оваа трка да се памети, такашто му подарија пехар на Роси за животно дело со оглед на влијанието кое го имаше во овој спорт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни