Поврзете се со нас

Европски првенства

Португалија ја изненади Норвешка на стартот на втората фаза на ЕП

Објавено

на

Репрезентацијата на Португалија направи изненадување и ја совлада Норвешка со 37:32 на почетокот на втората фаза на 16. ракометно Европско првенство.

Норвежаните не играат на посакуваното ниво на овој шампионат, ама без разлика на тоа го имаа статусот на фаворити во дуелот со Португалците, статус кој дефинитивно не го оправдаа на теренот во Хамбург.

Португалија е сериозна селекција која знаеше да ги искористи сите слабости и мани на противникот, па во двете полувремиња одигра супер ефикасно што се покажа како клучно за успех во ова соочување.

Портела со 8 и Коста со 7 гола беа најефикасни кај победникот, додека кај Норвежаните Блонз имаше 7 реализации.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни