Поврзете се со нас

Свет

Порака од Барселона: Нема и нема да има преговори со Гасол!

Објавено

на

Пау Гасол во повеќе наврати има истакнато дека ако има можност би сакал да ја заврши кариерата во Барселона, а со оглед на тоа што тој е на самиот залез и во моментов нема клуб дел од медиумите веќе го поврзаа со преселба во таборот на каталонците за натпреварувачката 2020/2021.

Со тоа Пау би можел да остане во форма, да биде активен, подготвен за ЛОИ во Токио кои се закажани за наредната година, настан по кој центарот би се повлекол. Меѓутоа како што сега стојат работите Гасол нема да заврши во Барселона и ќе мора да пронајде друга средина дали во Европа или можеби НБА.

-Нема и нема да има преговори со Пау Гасол, -порачал Жоан Балде кој е член на управата на каталонците.

Ама и покрај ваквиот став на Балде, специјализираниот сајт за кошарка „Јурохупс“ стои зад тоа дека Барса и ветеранот се блиску до едногодишен договор кој би требало да биде официјализиран на крајот на летото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни