Поврзете се со нас

АТП

Порака која многу му значеше: Надал со еден потег изнуди емоции кај 90-годишен старец (ВИДЕО)

Објавено

на

Рафаел Надал веќе одредено време е надвор од тениските терени на кои повторно би требало да го видиме дури во 2022 година.

Тој сега закрепнува по специјалниот третман на стапалото кој го имаше во Барселона, па има простор и време и за неговите фанови. Имено Рафа направи еден убав гест со кој само потврди дека е голем џентлмен, човек кој е секогаш тука за навивачите.

Шпанецот пред некое време добил порака, барање да му честита роденден на еден негов голем фан, фан кој го слави 90 роденден. Надал одговорил позитивно и снимил порака за специјалниот ден на дедото кој ја слушна оваа порака и едноставно не можеше да ги задржи емоции, па се расплака.

Ова видео на социјалните мрежи го објави неговата внука Пилар Леон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни