Поврзете се со нас

Свет

Поповски промаши пенал, Цирих загуби од Тун

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Македонскиот интернационалец, Мартин Поповски беше трагичар на мечот кој неговиот Цирих го загуби од Тун во првата лига на Швајцарија.

Поповски имаше шанса да го спаси Цирих од пораз, поточно тој ја презема одговорноста да го изведе ударот од седум метри по истекот на времето. Меѓутоа голманот Флавио Вик излезе како победник од овој дуел и домаќините се израдува на триумфот од 26:25.

Мартин ги реализираше претходните два пенали, односно овој дуел на крајот го заврши со четири реализации (од седум обиди) со што беше дел од групата од многу играчи на двете страни кои имаа иста број на постигнати голови.

Амичитија Цирих со 33 бода е на третото место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни