Поврзете се со нас

Свет

Поповски одличен во новата победа на Цирих

Објавено

на

Составот на Амичитија Цирих запиша уште еден триумф над Ендинген во борбата за опстанок во најсилната ракометна конкуренција во Швајцарија.

Пред два дена Цирих на домашен терен беше подобар со 27-23, додека пак денеска беше поубедлив и како гостин се израдува на триумф од 32-25. Мартин Поповски и неговите соиграчи се прикажаа во подобро светло во двете полувремиња, во првото изградија позитива од 16-13 и истата во продолжението ја дополнија за конечни плус седум на крајот.

Македонскиот репрезентативец Поповски беше втор стрелец со шест постигнати голови од осум обиди.

Следната средба меѓу овие две екипи е закажана за 15 мај.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни