Поврзете се со нас

Свет

Поповски и Цирих влегоа во лоша резултатска серија

Објавено

на

Амичитија Цирих на Мартин Поповски влезе во лош ритам, лоша резултатска серија во првата лига на Швајцарија каде најновиот пораз го претрпе на гостувањето кај Тун со 27-26.

Ова за составот на Цирих беше петти пораз во низа што значи дека единствениот добар резултат во овој период Мартин и другарите го имаат само во Купот на Швајцарија каде изборија пласман во големото финале.

Повремениот македонски репрезентативец даде три гола од пет обиди против Тун или поточно имаше 60 процентна реализација.

Во следната рунда Цирих го пречекува Берн што дефинитивно е добра моност да се стави крај на неуспесите во домашниот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни