Англија
Пол Погба јавно се извинил на своите соиграчи од Манчестер Јунајтед

Францускиот фудбалер од редовите на Манчестер Јунајтед, Пол Погба полека почна да ја подигнува формата и станува незаменлива алка во тимот на Оле Гунар Солскјер.
Ако пред само месец и половина многумина мислеа дека Погба воопшто нема да добие шанса од Солскјер, тој со своите игри се наметна во тимот и во моментов е редовен во првиот тим на „ѓаволите“.
Против Ливерпул одигра одличен натпревар, а пропушти и шанса да ја среши средбата откако во финишот неговиот силен удар беше одбранет од Алисон.
Погба разочаран од тоа што не бил стрелец на погодок вреден победа за неговиот тим јавно се извинил на своите соиграчи во соблекувалната на „Енфилд“. Играчот од средниот ред не можел да си прости што не ја затресил мрежата на Алисон, па на крај неговите соиграчи морале да го тешат разочараниот играч.
Според коментарите на социјалните мрежи, ваквото однесување на Погба е добредојдено за Манчестер Јунајтед затоа што Французинот покажал дека му значи да освои некој трофеј со клубот пред неговото дефинитивно заминување во летниот преоден рок.

- Англијапред 22 часа
Еден од играчите на Челси се налутил на Тухел и одбил да преговара за нов договор
- Шпанијапред 21 час
Интересен момент по крајот на натпреварот на „Камп Ноу“: Голманот на Елче се возбуди кога Меси му го побара дресот (Видео)
- Лига на шампионипред 23 часа
Вардар конечно победи во Лигата на шампионите, во Скопје оружјето го положи Елверум
- Лига на шампионипред 20 часа
Зидан искрен по победата над Аталанта: Не бевме најдобри иако имавме играч повеќе
- Англијапред 22 часа
Тотенхем тргнува по незадоволниот фудбалер на Манчестер Јунајтед
- Лига на шампионипред 21 час
Менди со супер гол во финишот го проби бедемот на Аталанта, Манчестер Сити без проблем во Будимпешта (Видео)
- Лига на шампионипред 11 часа
Зидан откри интересна анегдота за стрелецот на голот и нагласи: Ова беше воиграна акција од тренинзите! (Видео)
- Англијапред 24 часа
Нема крај на проблемите за Клоп: Додека го чека враќањето на Гомез и Ван Дајк, сериозна повреда заработи Хендерсон