Поврзете се со нас

Светски првенства

Подмладената Шведска и одржа лекција на Франција и се пласираше во големото мундијалско финале

Објавено

на

Подмладената репрезентација на Шведска е првиот финалист на 27-то Светско ракометно првенство, откако во првото полуфинале и одржа лекција на најтрофејната селекцијата во последните две децении.

Франција влезе како фаворит во натпреварот и покрај повредите на Карабатиќ и Енгесан, но Шведска уште еднаш демонстрираше дека и со втор тим на хартија игра спектакуларен и модерен ракомет, наметнувајќи темпо кое не можат да го следат многу репрезентации, па дури и онаа француската.

Шведска уште од самиот старт на мечот диктираше и го контролираше резултатот, па од стартот на 20-та минута до крајот на првиот дел направи предност од плус четири разлика, водство кое љубоморно го одржуваше и во вторите 30 минути.

Избраниците на францускиот селектор Жил едноставно немаа решение за експлозивниот ракомет на Скандинавците и постојано бркаа резултат и беа во подредена улога, па во таква ситуација, на крајот мораа само да им подадат рака на подобрите ривали кои во неделното финале ќе се борат за својата петта светска титула на првенствата по триумфот од конечни 32:26.

Голманот Паличка блескаше на голот и имаше повеќе од 30 проценти одбранети удари, па сосема заслужено беше избран за играч на мечот во првото полуфинале. Во офанзивен поглед, посебно се истакна Ване со дури 11 погодоци, а фантастичен беше и Петерсон со шест погодоци. Кај поразените Французи кои мораат да се задоволат со малото финале, Деска постигна пет гола, Ремили четири, а голманите имаа ужасно издание.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни