Поврзете се со нас

Репрезентација

Почна подготовката за пеколниот ритам: Тодоров го објави поширокиот список за „балонот“ во Перм

Објавено

на

Македонската кошаркарска репрезентација имаше непријатно искуство на претходниот „балон“ во Талин и од Естонија се врати без ниту еден одигран натпревар поради коронавирусот кој навлезе во нашата експедиција, па поради тоа, вниманието ќе биде уште поголемо во пресрет на закажниот нов „балон“ турнир во Перм.

Во рамките од февруарскиот ФИБА прозорец, Македонија е дел од „меурот“ во Перм и ќе одигра квалификациски натпревари за Европското првенство, или поточно, селекторот Тодоров и играчите ги чека пеколен ритам бидејќи во пет дена ќе одиграат четири натпревари.

Кошаркарската Федерација се погрижи за сигурно пристигнување во Перм и обезбеди чартер лет до Русија за македонските кошаркари, а денеска Тодоров за првпат селектираше и го соопшти поширокиот список на играчи кои ќе бидат тестирани на 8-ми и 9-ти февруари пред почетокот на подготовките.

„Балонот“ во Перм се игра од 18-ти до 22-ри февруари, а Македонија ќе игра дополнителни два натпревари токму поради тоа што не одигра ниту еден во претходниот квалификациски циклус.

Список на повикани играчи:
Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Кристијан Николов (МЗТ Скопје Аеродром)
Дамјан Стојановски (МЗТ Скопје Аеродром)
Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром)
Филип Бакоч (МЗТ Скопје Аеродром)
Лука Савиќевиќ (МЗТ Скопје Уни Банка)
Леонид Тодоровски (МЗТ Скопје Уни Банка)
Андреј Митревски (ТФТ)
Виктор Ефремовски (Работнички)
Марјан Младеновиќ (Работнички)
Љубомир Младеновски (Работнички)
Дамјан Робев (Куманово 2009)
Горјан Марковски (Куманово 2009)
Бојан Трајковски (Пелистер)
Бобан Стајиќ (Пелистер)
Марко Симоновски (Кожув)
Војдан Стојановски (Гравелин-Франција)
Теодор Симиќ (Барселона-Шпанија)
Џејкоб Вајли (Гран Канарија-Шпанија)
Шејн Витингтон (Сеа Хорсес-Јапонија)
Стојан Ѓуроски (ХЛА Аликанте – Шпанија)
Ненад Димитријевиќ (Хувентуд-Шпанија)
Андреј Јакимовски (Вашингтон Стејт-САД)
Марко Миловановиќ (Јуви Кремона Баскет-Италија)

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни