Поврзете се со нас

Македонија

Победнички крај на годината за водечкото трио на табелата, значаен триумф за Вардар

Објавено

на

Екипите на Струга Трим Љум, Шкупи и Шкендија забележаа победи во денешното последното 18. коло за оваа календарска година во Првата македонска лига.

Најтешко до трите бода дојде актуелниот шампион Струга кој славеше против Брегалница со 2-1 со голот на Компаоре во 92 минута. Ова за африканецот беше втор гол на оваа пресметка, додека за гостите погоди Велкоски.

Со ова избраниците на Дуро ја освоија есенската титула со еден бод повеќе од Шкупи кој денеска ја доби Брера Струмица со 1-0 и четири во однос на Шкендија која го надигра Силекс со 3-1.

Значаен триумф во борбата за опстанок обезбеди Вардар против Тиквеш од 2-0. Глишиќ и Велковски ги израдуваа „Комити“, додека во најдраматичната пресметка Воска Спорт триумфираше над Работнички со 3-2.

Резултати 18. коло:

Брера – Шкупи 0-1
Вардар – Тиквеш 2-0
Шкендија – Силекс 3-1
Воска – Работнички 3-2
Струга – Брегалница 2-1

Вчера
Гостивар – Македонија ЃП 1-0

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни