Поврзете се со нас

Шпанија

По солзите на пресот, Меси со емотивни зборови им се обрати на фановите преку Инстаграм: Си одам, но…. (Фото)

Објавено

на

Лионел Меси ова попладне покажа неверојатни емоции на прошталниот прес кој го одржа на „Камп Ноу“, но и неколку часа по трогателните сцени, Аргентинецот се уште ги собира импресиите и реши да се огласи и преку својот официјален профил на Инстаграм, со цел директно да им се обрати и на фановите на Барселона.

По 21 година во клубот, Меси денеска им кажа довидување на своите соиграчи и водечките луѓе на клубот, од едноставна причина што смета дека прошталниот прес не е и конечно збогум со Барселона, без оглед на тоа што кариерата ќе ја продолжи во друг клуб.

Лео не откриваше детали за својата иднина и само порача дека има неколку понуди, но пред да дознаеме и официјално каде се сели, реши да им се обрати на саканите фанови од Барселона.

– Сакав да си одам на поинаков начин, иако верувам дека ниту едно заминување не може да биде убаво…. Ќе беше преубаво да останев тука, направив се за да ја остварам таа цел, но на крајот не се оствари. Имам само зборови за благодарност за сите оние кои ме придружуваа во изминатите години во клубот.

– За крај, благодарност до нашата публика, до фановите кои ми ја дадоа цела своја љубов и која се обидов да им ја возвратам давајќи се за овој дрес. Си одам, но ова не е збогум, ова е само довидување. Да живее Барса!!!, – порача Меси на Инстаграм.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни