Поврзете се со нас

НБА

Плејмејкерот се враќа во Лос Анџелес: Клиперс се откажа од тројца играчи за да го добие Бледсо

Објавено

на

Екипата на Лос Анџелес Клиперс и понатаму го гради составот за наредната сезона, па така најновиот нивен потег е ангажманот на Ерик Бледсо.

Имено Клиперс и Мемфис Гризлис се одлучија за размена на играчи при која Бледсо заврши во Калифорнија, додека пак „мечките“ ги добија Патрик Беверли, Ражон Рондо и Даниел Отуру.

Со ова двете страни го добија тоа што го посакуваа, потег во кој влијание имаа и финансиите. Инаку ова за Бледсо ќе биде враќање во Клиперс во тимот кој го избра како 18 пик на НБА драфтот во 2010 година. Тој во изминативе сезони настапуваше за Феникс, Милвоки и Њу Орлеанс Пеликанс.

Беверли и Рондо пак се ветерани со големо искуство и останува да видиме колку ќе можат да му помогнат на Мемфис.

Отуру има 21 година и досега нема позабележителни настапи во најсилната лига на светот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни