Поврзете се со нас

Македонија

Плејмејкерот Армстед и во следната сезона ќе го носи дресот на Гостивар

Објавено

на

Екипата на Гостивар продолжи да работи на создавање на компетитивен состав за наредната сезона, а првите чекори се продолжување на соработките со играчите чии квалитети му се познати на клубот.

Така прво нов договор доби Александар Костоски, потоа рака беше подадена со Ивица Димчевски за да сега гостиварци информираат дека во нивниот табор останува и 30-годишниот Малком Армстед.

Се работи за играч кој е многу искусен, има настапувано во Словенија, Турција, Литванија, Романија, Русија,  Грција и Косово, па дефинитивно со својот квалитет и знаење ќе биде голема помош за тимот предводен од Марјан Србиновски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни