Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Плеа брилјираше со хет-трик, Менхенгладбах го понижи Шахтјор во Украина (Видео)

Објавено

на

Шахтјор Доњецк како првопласиран во групата Б го започна дуелот со Борусија Менхегладбах, кој дефинитивно нема да го памети по добро со оглед на бруталното понижување на теренот.

Истиот тим на Шахтјор кој направи сензација во Мадрид победувајќи го Реал, вечерва беше крајно немоќен на домашен терен во Украина, покажувајќи огромни слабости и недостиг на енергија во ситуација кога беше доста погоден од Ковид 19.

Во ситуација кога тренерот Кастро доби поширок ростер на располагање, се очекуваше уште подобро издание од Шахтјор, но наместо тоа, денеска пристигна тежок удар, режиран од страна на германскиот состав.

Борусија Менхегладбах го презема врвот на табелата во оваа група, откако со неверојатни 0:6 славеше на гостувањето во Киев, во кое сепак посебно се истакна еден играч. Фантастичниот Плеа постигна хет-трик и брилјираше во секој поглед, бидејќи покрај трите гола, беше и асистент на Штиндл.

Во листата на стрелците уште се запиша уште Бенсебаини, додека во ужасната ноќ на домаќините, автогол си постигна несреќниот Бондар.

На вториот меч кој се одигра во 18:55 часот, Атлетико Мадрид имаше комплетна доминација на гостувањето во Русија, но одигра само 1:1 против Локомотив Москва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни