Поврзете се со нас

Италија

Пирло за активираниот трансфер вреден 18.5 милиони евра: Не сум изненанден од него, но….

Објавено

на

Јувентус доста брзо ја активираше опцијата за откуп на Вестон МекКени и не дочека ниту крај на сезоната, одлука која одредени медиуми ја прифатија со мало изненадување, но истата секако беше очекувана со оглед на игрите кои ги прикажа младиот фудбалер.

Играчот за врска кој првично беше доведен на позајмица од Шалке 04, сега доби перманентен договор и се обврза на верност со клубот од Торино до 2025-та година, а во пресрет на дерби дуелот со Лацио кој се игра утре на „Алијанц стадионот“, со коментар за аквизицијата на клубот излезе и Андреа Пирло.

Тренерот на Јувентус не се сомнева дека 18,5 милиони вредниот трансфер е добра зделка за клубот, но напоменува дека играчот мора да продолжи да се развива и да работи како што тоа го прави откако пристигна во италијанскиот првак.

– МекКени навистина воопшто не ме изненади. Го следевме извесно време и добро го познававме уште пред да пристигне тука и да биде дел од тимот. Перманентниот договор мора да биде стартна точка за него.

– Ако мисли дека го достигнал врвот со овој договор, тогаш прави огромна грешка и не е на вистинскиот пат. Мора да продолжи напорно да работи и да се развива, тој има само 22 години, – изјави Пирло кој нема да може да смета утре на Бентанкур, а неизвесен за настап до последен момент ќе биде и Де Лихт кој денеска не тренираше со тимот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни