Лига на шампиони
Пиоли: Никој не верува дека Милан може да се пласира во финалето, но…
Милан доживеа пораз од Интер од 2-0 во првата средба од полуфиналето на Лигата на шампионите, но има уште еден меч на кој можат да ги поправат работите и истиот е закажан за утре од 21 часот.
Многумина не веруваат дека „росонерите“ имаат сила и моќ да се вратат во игра и обезбедат финале во Истанбул, но тренерот Стефано Пиоли има сосема поинаков став и верува дека неговата екипа ќе има што да покаже против градските ривали.
-Тие се подготвуваат на најдобар можен начин, имаат голема одлучност, да бидат подобри од првиот натпревар и да го добијат мечот. Не е лесно да се подготвувате за утре, но имаме важна цел на ум: да го добиеме натпреварот за да се пласираме во финалето како што никој не предвидува. Сега повеќе од кога било, никој не верува дека Милан може да го достигне финалето. Знам дека можеме да играме одличен натпревар.
-Ние сакаме да настапиме на високо ниво. Нивото од второто полувреме нема да биде доволно, имаме можност да го подигнеме. Тоа е долг натпревар, сакаме да го започнеме добро, а потоа да останеме во него и да ги искористиме нивните грешки.
-Не сме разговарале за Специја, само за утре. Ова се мечеви што некои играчи сонуваат да ги доживеат. Знаеме дека започнуваме со минус, но имаме квалитет за пресврт, -порача Пиоли кој порача дека Милан мора да биде екстра внимателен при прекините.
-
НБАпред 16 часа
Денвер повторно ги преслуша Лејкерс, Ембид броеше до 50 во триумфот на Филаделфија
-
Шпанијапред 12 часа
„Мундо Депортиво“ објави ново видео и заклучи: Барселона е оштетена за чист гол (Видео)
-
Формула 1пред 13 часа
Голем удар за Ред Бул: Адријан Њуи најавил дека планира нов предизвик
-
Шпанијапред 10 часа
Промена во последен момент: Белингам во составот, друга ѕвезда на Реал отпадна за дуелот со Сосиедад
-
Македонијапред 16 часа
Анализа по првиот настап: Можеме и подобро, свежа мотивација за Золдер!
-
Англијапред 17 часа
Гвардиола не се согласува со Клоп и Ван Дајк и одговори со различен став
-
Англијапред 14 часа
Кулушевски доби најдобар можен роденденски подарок (Фото)
-
Англијапред 16 часа
Голман со визија на врвен плејмејкер: Едерсон го извади од игра цел тим на Брајтон (Видео)