Поврзете се со нас

Свет

Пикси објасни зошто Србија останала без младата ѕвезда на Баерн: Пресуди третиот критериум!

Објавено

на

Драган Стојковиќ денеска се обратил пред српските медиуми и говорел за најактуелните теми кои се појавија во јавноста во последно време, а кога се во прашање „орлите“, имаше навистина интересен и возбудлив период.

Пикси потврдил дека е пред потпишување на нов договор и само детали го делат од продолжување на работата како селектор, исто така сооштил дека Миле Свилар веќе нема да добие повик од Србија откако самиот се „избриша“ како опција, но најголемо внимание привлекува изјавата која ја дал за Александар Павловиќ.

Ѕвездата на Баерн Минхен со месеци наназад беше споменуван од српските новинари и истите бараа образложение од Пикси зошто не го повикува, а кога беше решен да го повика за овој мартовски циклус, испадна дека е предоцна.

Германската Федерација реагираше и го „украде“ талентираниот играч на Баерн Минхен, а Пикси денеска ги појаснил трите критериуми кои не се исполниле кога е во прашање Павловиќ.

– Името на Алексанар Павловиќ е запишано на поширокиот список уште пред две години. Нема потреба да се лутиме, од декември бевме во контакт со неговиот татко, потоа се вклучи и агентот Дитер Хенес, а потоа и самиот фудбалер. Сакавме да го викнеме за овој месец март, очигледно притисокот беше преголем и сега доби повик од Германија.

– Постојат три важни критериуми за повик во репрезентацијата: Првиот е пасош и тој беше исполнет од Павловиќ, вториот е повик од селекторот…… Тоа сакав да го направам, но третиот и најважниот критериум е желбата. Тоа беше одлучувачки фактор. Не треба да велиме дека сме го загубиле Павловиќ, тој нема одиграно ниту еден меч за младата селекција на Србија, – изјавил Пикси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни