Поврзете се со нас

Шпанија

Пике: Тешко е да се прифати вакво нешто, добивме двоен удар

Објавено

на

Барселона доминираше цели 90 минути против Кадиз и пропушти многу шанси за мирна завршница, па на крајот беше сурово казнета како многупати оваа натпреварувачка сезона.

Роналду Куман не го криеше огромното разочарување по направениот пенал од страна на Ленгле во 89-та минута и шокантното изедначување, што прави Барса да има биланс од само еден освоен бод во двата натпревари со тимот кој минатата година обезбеди промоција во шпанската Примера.

Жерард Пике кој е повратник во тимот одново беше стартер во составот на Куман и на втор меч во низа доживеа огромен шок, по што не пропушти да нагласи дека тој и неговиоте соиграчи доживеале двоен удар ова попладне на домашниот „Камп Ноу“.

– Ова навистина многу боли, навистина многу, многу боли. Ова е двоен удар за нас. Најпрво поради начинот на кој дозволивме да примиме гол, а второ поради тоа што пропуштивме огромна шанса по вчерашниот пораз на Атлетико Мадрид.

– Кадиз ни ги закомпликува работите, но создадовме доволно шанси за мирен финиш. Тешко е да се прифати вакво губење на два бода. Беше навистина многу важно да победиме денеска, ќе се доближевме сериозно до врвот, ова е навистина тежок двоен удар, – посочи разочараниот Пике.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни