Поврзете се со нас

Шпанија

Пике испрати порака до Меси, а се отвори и за заминувањето на Суарез

Објавено

на

Стоперот Жерард Пике кој долго време поради повреда ќе биде надвор од фудбалските терени проговори отворено и искрено на две интересни прашања поврзани со Лионел Меси и Луис Суарез.

Пике многу добро се познава со двајцата, со Меси долго време е заедно во Барселона, додека пак со Уругваецот беше соиграч до минатово лето поточно до трансферот на напаѓачот во Атлетико Мадрид. Лионел е во последната година од договорот со Барселона и останува неизвесно дали ќе остане на „Камп Ноу“.

Засега се е отворено како опција, но Пике се надева дека Аргентинецот на крајот ќе донесе одлука да продолжи во сегашната средина.

-Ќе треба да го прашаме Лео, не знам. Се надеваме дека ќе останеме. Тоа е многу лична одлука и ќе видиме. Се додека е во Барса има надеж и се надеваме ќе биде привлечен од идејата да остане, -рече Жерард кој призна дека тешко му паднало заминувањето на Суарез.

-Многу ми беше жал кога Луис замина, тој помина многу години во клубот и споделивме многу искуства. Играте 90 минути, но поминувате многу, многу часови со нив. Ги гледаме секое утро, патуваме, сме во хотелите, како да е соученик, -истакна поранешниот шпански репрезентативец.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни