Поврзете се со нас

Формула 1

Пијаниот Чеко е хит на Твитер: Перез не можел да се симне од јахта по победата во Монако (Видео)

Објавено

на

Серхио Перез оствари огромна победа на трката за Големата награда на Монако и со солзи во очите заврши на пиедесталот во Монте Карло, а само два дена подоцна, не можеше да добие подобра награда за одличните перформанси кои ги покажува во Ред Бул.

Мексиканецот одигра важна улога на завршната трка минатата сезона и му помогна на Макс Ферстапен да стигне до шампионската титула, па ако на тоа се надворзе и одличниот старт на новата сезона, луѓето во Ред Бул имаа навистина добра причина да му го продолжат договорот.

Двете страни се договорија на нова двегодишна соработка, па така популарниот Чеко ќе биде дел од Ред Бул најмалку до 2024-та година, а воедно и дел од Ф1 шампионатот.

Добрата вест поврзана за Перез на големо ја слават мексиканските фанови, но добар дел од нив се изнасмеаја и од видеото кое денеска стана вирално, а кое датира од неделата.

Очигледно Чеко добро се опушти по големата победа во Монако, односно се опил со алкохол на една јахта и едвај се симнал по скалите од истата….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни