Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер ќе го предизвика МЗТ во финалето на Купот

Објавено

на

Пелистер ќе му биде противник на МЗТ Скопје во годинешното финале на завршниот турнир на македонскиот кошаркарски Куп, а битолчани изборија место во финалето со триумф над Еуро Никел (78:68).

Домаќинот на завршниот турнир имаше само три поени предност на полувреме, Еуро Никел беше рамноправен противник барем до последниот период, во кој Пелистер направи поосетлива разлика и истата ја претвори во победа.

За битолскиот тим ова е втор пласман во финалето на националниот Куп, а пред 15 години загубија од АМАК-СП во Охрид.

Планиниќ со 27 и Маслинко со 22 поени беа најдобри поединци во редовите на Пелистер, додека кај Еуро Никел се истакна Смит со 21 поен.

Финалето меѓу Пелистер и МЗТ Скопје ќе се игра утре од 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни