Поврзете се со нас

Македонија

Пелистер им се врати на победите со „стотка“ на Кале, Еуро Никел ја доби драмата со Академија ФМП

Објавено

на

Пелистер им се врати на победите по вториот пораз кој го претрпе во домашното првенство од Гостивар, откако денеска без никакви проблеми го совлада Вардар на гостувањето на Кале во Скопје.

Битолчани редовно се најефикасни на натпреварите во Првата лига и одново одиграа натпревар на кој постигнаа повеќе од 100 поени, а во таква ситуација неизбежен беше триумфот против тимот на Вардар кој одлично парираше во првата четвртина, но потоа комплетно падна и се предаде во вториот период.

Клучна беше втората четвртина која Пелистер ја доби со 28:12, по што и во продолжение се играше ефикасна кошарка поради што гостите на крајот славеа со 80:105. Кесар со 25 и Трајковски со 24 поени беа најзаслужни за победата на гостите кои остануваат први на табелата, додека во домашниот тим се истакна Диксон со 25 уфрлени поени.

Од вечерните дуели, крајно интересно беше меѓу Академија ФМП и Еуро Никел, каде мораше да се играат дополнителни пет минути за да се одлучи победникот. Регуларниот дел заврши со 80:80, а гостите во продолжението беа подобри со 9:14 и забележаа конечна победа. Дарко Соколов постигна 25 поени и беше најдобар поединец во победничкиот состав, а на спротивната страна како залудни се покажаа 34-те поени на Крстајиќ.

Дебитантот ТФТ Скопје ја оправда фаворитската улога и продолжи со фасцинантните изданија во првата лига, па денеска не му даде никакви шанси на аутсајдерот Црн Дрим над кого славеше со 113:82 во натпревар во кој Шелман постигна 19, а Андерсон 18 поени. Во првиот натпревар денеска, Куманово во тесен натпревар го победи вториот тим на МЗТ Скопје со 67:68.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни