Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Педри со краток став за полуфиналето меѓу Сити и Реал, во неговата изјава се препознаа сите фанови на Барса

Објавено

на

По вчерашните возбудувања во Милано на „Џузепе Меаца“, вечерва главниот фокус ќе биде во Манчестер на стадионот „Итихад“, место кое ќе го одлучи вториот патник во големото финале во Лигата на шампионите.

Манчестер Сити и Реал Мадрид ќе ја започнат својата втора полуфинална битка и ќе одлучат кој тим ќе се соочи со Интер во Истанбул, па иако добар дел од Шпанија ќе навива за „кралскиот клуб“, има и такви кои го фаворизираат тимот на Пеп Гвардиола.

Еден од нив е и големата ѕвезда на Барселона, младиот Педри, кој во последното интервју за „Ел Ормигеро“ даде кратка изјава за големиот спектакл кој го очекува цела Европа.

– Ќе бидам искрен и нема да кажам дека сакам Реал да пројде во финалето. Преферирам да победи Манчестер Сити, навистина ми се допаѓа стилот на игра на Гвардиола, – вели Педри.

Првиот натпревар на „Сантијаго Бернабеу“ кој се одигра минатата седмица заврши 1:1, па вечерва се е отворена и двата тима имаат подеднакви шанси за пласман во финалето.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни