Поврзете се со нас

Италија

Пандев влезе како „џокер“ од клупата, Фиорентина го освои и Мараси (Видео)

Објавено

на

Откако славеше во Бергамо на гостувањето кај Аталанта, Фиорентина успеа да го освои и „Луиџи Ферарис“, откако составот од Фиренца излезе како поуспешен во второто полувреме на натпреварот во Џенова.

Гостите од „Артемио Франки“ ја продолжија одличната серија и ја забележаа третата победа во низа во домашното првенство, што беше и повеќе од заслужено со оглед на притисокот кој го создадоа врз домашниот тим денеска.

Сапоната го отвори резултатот по точно еден час игра на Мараси, а седум минути претходно, во 53-та, Горан Пандев влезе во игра како „џокер“ од клупата за тренерот Балардини.

Македонскиот напаѓач и неговите соиграчи многу брзо со соочија со негатива во вториот дел, но во 89-та минута, стана јасно дека нема да освојат ниту еден бод на денешната средба.

Бонавентура погоди за 0:2 и ја обезбеди победата за Фиорентина, додека во самата завршница во мечот, Бадељ се избори за пенал во 96-та минута, а Кришито погоди за 1:2 по што беше означен крај на мечот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни