Поврзете се со нас

Италија

Пандев се врати на теренот, Џенова никако да го осигура опстанокот во Серија А

Објавено

на

Џенова ова попладне имаше добра шанса и математички да го осигура опстанокот во Серија А, но наместо тоа, Горан Пандев и соиграчите ќе мора да треперат и да се борат во последните три кола, кои по се изгледа, ќе станат крајно возбудливи кога е во прашање „борбата за живот“.

Тимот на Балардини испушти нова добра шанса на домашен терен, бидејќи денеска како подобар се покажа тимот на Сасуоло кој се бори за излез во Европа и кој го зазема седмото место на табелата во домашното првенство.

Пандев попладнево се врати на теренот откако беше суспендиран поради жолти картони против Лацио, но ниту неговото присуство во стартната постава не му помогна на Балардини да стигне до толку посакуваниот триумф.

Искусниот Македонец одигра 68 минути пред да биде повлечен од игра, период во кој Сасуоло постигна два гола преку Распадори и Зајц. Џенова постигна гол за 1:1, но истиот беше поништен поради прекршок на Зајц.

Во самата завршница, Запакоста погоди за 1:2, но со тој погодок само го ублажи поразот за Џенова која одново ќе мора да брка бодови на натпреварите против Болоња, Аталанта и Калјари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни