Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Панчев: Штета што не сум помлад за да и помогнам на Звезда против Динамо……

Објавено

на

Дарко Панчев има само убави спомени од дуелите против Динамо Загреб во професионалната кариера, па токму поради тоа, посака да биде 30-тина години помлад во овие денови во кои сите го исчекуваат и се надеваат дека ќе дојде до балкански фудбалски спектакл во баражот за Лигата на шампионите.

Динамо Загреб и Црвена Звезда можат да ги вкрстат копјата во завршната квалификациска рунда во најелитното натпреварување доколку го минат претстојниот предзивик, па по првите одиграни натпервари против Легија и Шериф, се уште постојат шанси за режирање на фудбалски празници во Белград и Загреб.

Панчев како поранешен голгетер на Звезда даде коментар за потенцијалниот дуел во интервјуто за српски „Информер“, во кое потсети како него му одело во кариерата против составот од Загреб.

– Многу ми е жал што не сум помлад, па да можам да им помогнам на Терзиќ и Станковиќ. Против Динамо редовно давав голови, и во дресот на Звезда и во дресот на Вардар. Од најголемите клубови од поранешна Југославија, на Динамо му давав најмногу голови. Баш на последниот натпревар против Динамо дадов два гола. Тогаш се мислеше само на фудбал, се надевам дека ќе биде така доколку дојде до посакуваниот дуел.

– Динамо е доминантен на Балканот во последните 15 години, имаат многу успеси и играа во Европа. Истото може да се каже и за репрезентацијата на Хрватска, која беше вицешампион во 2018-та година. Но, и Звезда напредна и е фантастична во последните години. За Динамо, Звезда секогаш ќе биде големата Звезда и ќе мора да ја почитуваат. Со квалитетот се тука некаде во овој момент, а јас верувам дека Звезда ќе пројде понатаму, – додава легендарната „Кобра“ кој верува дека нема да има инциденти ако дојде до двомеч.

– Верувам дека УЕФА нема да дозволи гостински навивачи на двата меча. Тоа во голема мера ќе ги смири страстите. Во овој момент, Динамо и Звезда имаат многу странци, тие ништо не знаат за тоа што се случувало на овие простори пред 30 години, а не ги ни интересира. Исто така, голем број од домашните фудбалери се родени после распадот на Југославија, не можат тие да бидат затворени како некои постари генерации. Влогот е голем, пласман во Лига на шампиони. Кога ќе се излезе на терен, сите ќе размислуваат за пласман во Лигата на шампиони, инциденти не му одат во прилог на никого, – завршува Панчев.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни