Поврзете се со нас

Светски првенства

Паличка со „октопод“ одбрана ги шокираше Французите, но ја воодушеви цела ракометна јавност (Видео)

Објавено

на

Шведска ќе игра во своето прво финале на Светските првенства по точно две децении, или ќе се бори за нова титула на мундијалите 22 години по последниот трофеј кој го освои на најголемиот собир.

Во 1999-та година, Шведска ја освои последната титула на Светското првенство во Египет, а судбината посака одново да игра во едно големо финале во Каиро, откако во првото полуфинале и одржа лекција на Франција и сосема заслужено се пласираше на завршниот меч од 27-от ракометен мундијал организиран од ИХФ.

Овој подвиг е уште поголем за Швеѓаните ако се знае дека тие практично на овој турнир играат со втор тим поради огромните проблеми со 8 или 9 играчи, но оваа подмладена селекција докажа дека игра исклучително модерен ракомет, поддржан од блескавиот Андреас Паличка кој воедно е еден од најискусните.

Во победата од 32:26 над Франција, Паличка забележа точно 12 одбрани и беше избран за играч на натпреварот од страна на организаторот, но исто така сигурно ќе биде и еден од главните фаворити за одбрана на турнирот.

Последната акција од првото полувреме ќе остане за паметење, бидејќи Ремили го погоди дирекот, топката се врати до него и маестрално асистираше до Порт, а потоа Паличка направи чудо и со неверојатно флексибилна интервенција спречи гол, подигнувајќи ја својата нога над главата….

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни