Поврзете се со нас

Олимписки игри

Паличка херој на шведската репрезентација, одбрани пенал за победа во последната секунда (Видео)

Објавено

на

Ракометната репрезентација на Шведска запиша тешка победа на воведниот натпревар од Олимпискиот турнир славејќи над Бахреин со 32:31.

Херој на Швеѓаните беше голманот, Андреас Паличка кој одбрани пенал во последната секунда од средбата.

Освен Паличка, симултанка одигра и Хампус Ване кој постигна 13 погодоци, а него го следеа Лагерген и Дарј со пет односно четири голови.

Претходно, Франција славеше победа против Аргентина, додека Норвешка беше поуспешна од Бразил.

Во моментов на програмата на Олимписките игри е дерби пресметката од првото коло помеѓу Шпанија и Германија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни