Поврзете се со нас

Свет

Падна рекордот на Ласо: Хап блескаше во мечот во кој беше испишана историја во АЦБ лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/CB1939Canarias

Македонскиот репрезентативец, Итан Хап со неговата Гран Канарија претрпе драматичен пораз од Тенерифе со 93:92 во шпанската АЦБ лигата.

Овие мечеви секогаш се посебни затоа што се работи за дерби, пресметка во која денеска домаќините се изборија за триумф на една секунда до крајот со едно од двете погодени слободни фрлања на Абромаитис кои дојдоа по фаулот кој го направи токму Хап за кого тоа воедно беше и петта лична грешка.

На крајот Итан беше и трагичар, ама тоа нема да ја избрши квалитетната партија од 16 поени, 8 скока и 3 асистенции.

Воедно ова беше меч на кој беше испишана нова страница од историјата на шпанската кошарка, поточно најсилниот шампионат затоа што добивме нов рекордер кога се во прашање асистенциите.

Имено ветеранот Марселињо Уертас го мина Пабло Ласо и сега е водечки на листата со 2898 асистенции. Бразилецот долго време е во шпанската кошарка, играше за повеќе клубови, а во 40 година од животот испиша историја за која доби директна честитка и од самиот Ласо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни