Поврзете се со нас

Македонија

Озтурк ќе го носи дресот на Охрид и во наредната сезона

Објавено

на

Тимот на ГРК Охрид постојано влече потези во изминатиов период, а најновата вест е дека е продолжена соработката со Халил Озтурк.

Турскиот интернационалец дојде во оваа средина од Металург, остави добар впечаток и двете страни се договорија тој да остане во екипата и во натпреварувачката 2022/2023.

Во македонскиот прволигаш исто останаа Крсте Андоновски, Иван Тасески, Наум Костов и Кристијан Димитриески, професионални договори потпишаа Никола Шипинкоски, Никола Ристески и Владимир Наумоски, додека пак кога се во прашање новитетите освен тренерот Горан Андоновски пристигнаа Виктор Василевски, Стефан Бошкоски, Никола Грубиќ, Владимир Бојаниќ, Тоше Ончев, Даниел Андоновски, Зураб Цинцадзе и Хазеин Рустамов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни