Поврзете се со нас

Свет

Озил означи крај на кариерата со слика од Реал: Месут реши да се пензионира на 34 години (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/m10_official

Турските медиуми пренесоа дека Месут Озил сериозно ја разгледува опција да стави крај на кариерата уште на почетокот на месец февруари, но сега оваа одлука и официјално ја потврди самиот фудбалер.

Поранешниот германски репрезентативец имаше чест да игра за големи клубови како Вердер, Шалке, Реал и Арсенал, но по големиот пад во формата и големиот број повреди кои го следеа, реши да се пензионира на 34 години.

Последната фудбалска епизода ја имаше во Истанбул Башакшехир, тим за кој одигра само седум меча од стартот на сезоната.

– Имав привилегија да бидам професионален фудбалер речиси 17 години и благодаран сум што имав таква можност. Во последните седмици и последните месеци, после толку повреди, стана се појасно дека е време да се збогувам со фудбалот. Ова беше неверојатно патување, полно со емотивни моменти кои не се забораваат.

– Сакам да им се заблагодарам на сите клубови, Шалке, Вердер, Реал, Арсенал, Фенербахче и Истанбул Башакшехир, како и на тренерите кои ме поддржуваа, како и соиграчите кои станаа мои пријатели. Специјална благодарност со моето семејство и моите најблиски пријатели, тие беа дел од моето патување од првиот ден, ми дадоа многу љубов и во добрите и лошите моменти. Благодарност до сите мои фанови кои ми искажуваа љубов без оглед на околностите и без разлика на клубот кој го претставував. Сега со нетрпение го чекам сето она што е пред мене со мојата сопруга Амине, и со моите ќерки Еда и Ела. Сигурно ќе слушнете нешто од мене од време на време преку социјалните мрежи. Ви благодарам, – порача Озил кој избра слика од Реал за да означи крај.

Месут ја освои Ла Лига со Реал Мадрид и најдобрите денови ги доживеа во Мадрид, но исто така стана и светски шампион со Германија и беше клучен на мундијалот во 2014-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни