Поврзете се со нас

Англија

Озил го крена гласот и се закани: Јас одлучувам кога ќе си заминам од Арсенал!

Објавено

на

Месут Озил е еден од најплатените играчи во Премиер лигата и убедливо најплатен во Арсенал, па затоа делува зачудувачки што за поранешниот германски репрезентативец нема место во тимот на Микел Артета.

Иако на почетокот му даде шанса, шпанскиот стручњак воопшто не сметаше на Озил по рестартот на сезоната, а без офанзивниот играч во составот, тимот од Северен Лондон ја освои титулата во ФА Купот.

Во изминатиов период на големо се пишуваше дека Месут е веќе минато во Арсенал, но така не мисли некогашниот капитен на Арсенал кој вели дека не планира да си замине, односно ќе го испочитува договорот до последниот ден, а тоа е 30. јуни наредната година.

– Мојата позиција е јасна. Ќе бидам тука до последниот ден од мојот договор и ќе дадам се за овој клуб. Јас одлучувам кога ќе си одам, а не другите, – се закани Озил и додаде.

– Не потпишав на две или три години, потпишав за четири години и тоа треба да биде почитувано од сите, – концизно порача Озил во интервјуто за „Атлетик“.

– Работите очигледно се тешки за мене, но јас го сакам Арсенал. Сум бил и претходно во ваква ситуација, но сум се борел и сум се вратил во тимот. Повторно ќе го направам тоа. Никогаш не се откажувам, сакам да му помогнам на тимот и ќе се борам за тоа. Ги почитувам одлуките на менаџерот, но по рестартот не ми беше дадено шанса. Ако играв на 10 натпревари и бев лош ќе сфатев зошто сум изоставен, но вака не, – порача Озил.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни