Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Овен за најголемиот фаворит за титулата во ЛШ: Тие се непобедливи…

Објавено

на

Вчера и завчера се одиграа мечевите од четвртото коло во Лигата на шампионите што значи дека сме при самиот крај на групната фаза и веќе имаме тимови кои се пласирани во наредниот круг, елиминациските борби.

Во тоа друштво се Ајакс, Јувентус, Баерн Минхен и Јувентус, тимови кои имаат максимален учинок и вкупно 12 бодови. Останатите одговори, патници ќе ги дознаеме во завршните две рунди, но за дел од јавноста, експертите веќе се исцртани и се знаат фаворитите за пехарот во елитното натпреварување.

Прославениот англиски напаѓач и екс репрезентативец, Мајкл Овен смета дека Ливерпул се издвојува како тим кој е во прв план за трофејот притоа сепак посочувајќи и два состави кои можат да го запрат, застанат на патот-тоа се Манчестер Сити и Челси.

-Најголема опасност за Ливерпул се веројатно Сити и Челси. Не можам да го исфрлам од глава факторот „Енфилд Роуд“. Ако го играте реваншот на „Енфилд“, нека ви е со среќа. Тие на „Енфилд“ се скоро непобедливи. Мора да кажете дека Ливерпул е фаворит, -истакна Овен кој смета дека ПЛ е далеку пред сите останати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни