Поврзете се со нас

Англија

Овен со шокантно тврдење: Садио Мане намерно не паѓа во казнениот простор поради една работа

Објавено

на

Поранешниот фудбалер и легенда на Ливерпул, Мајкл Овен упати сензационален напад кон Садио Мане кој и вчера пропушти можност барем да се обиде да изнуди пенал иако и тоа како имаше можност за тоа.

Ливерпул ја продолжува очајната серија и на вчерашниот натпревар против Челси го забележаа петтиот пораз во серија на домашен терен со што се продлабочи кризата во нивните редови.

Фудбалерите кои се посочени како ударна виолина во нападот, Садио Мане и Мо Салах очигледно не функционираат најдобро во последно време, а на таков став е и Мајкл Овен.

Овен меѓу другото имаше и шокантно тврдење дека Мане намерно не изнудувал пенали за својот тим затоа што истите би ги изведувал Мо Салах кој во моментов е најдобар стрелец на клубот.

– Не ми се верува дека не падна при тој старт. Имаше контакт и тој можеби помисли дека ќе има шанса, но нешто слично направи и пред една недела против Шефилд Јунајтед.

– Се прашувам, и тоа можеби е само во мојата глава, но Мо Салах е тој кој ги изведува пеналите, и ако Мане мисли дека ќе има шанса да постигне погодок си вели „Ќе се обидам да постигнам погодок, ако не останам на нозе, Мо Салах можеби ќе добие уште еден пенал“. И двајцата фудбалери се во трка за златната копачка неколку сезони со ред.

– Ова можеби е луда теорија, но се е можно со натпреварувачкиот дух на Мо Салах и Мане. Веќе сме ги гледале како не си подаваат иако едниот е во многу подобра позиција од другиот, -изјави Овен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни