Поврзете се со нас

ВТА

Осака со пресврт до втора титула на Ју-Ес Опен (ВИДЕО)

Објавено

на

Наоми Осака повторно е кралица на Њујорк, односно го освои престижниот грен слем турнир Ју-Ес Опен.

Тенисерката од Јапонија по втор пат во нејзината кариера успеа да дојде до триумф на сцената во „големото јаболко“ и тоа откако во финалето беше подобра од Викторија Азаренка со 2-1 во сетови. Азаренка беше таа која беше фантастична на почетокот на мечот и првиот сет го доби со 6-1, но Осака ова го сфати како дополнителен предизвик и во продолжението заигра многу подобро, поквалитетно.

Вториот сет го реши со 6-3 иако противникот водеше со 2-0 во гејмови за да во решавачката битка Наоми продолжи да биде ритам и со 6-3 го затвори мечот и на тој начин ја прослави третата титула на грен слен турнирите.

Таа е првата тенисерка по легендарната Џенифер Капријати која успеала да слави во првите три грен слем финалиња во кариерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни